Дома Фудбал Италија Нема препреки Аталанта натпреварите од Лигата на шампионите да ги игра на „Сан Сиро“

Нема препреки Аталанта натпреварите од Лигата на шампионите да ги игра на „Сан Сиро“

На почетокот на неделата италијанските медиуми објавија дека Аталанта испратила барање до Интер и Милан, како и градот Милано своите натпревари од Лигата на шампионите да ги игра на „Сан Сиро“.

Градот и Интер веднаш одговорија потврдно, а сега пристигнало одобрението и од Милан и препреки не би требал ода има.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Се согласуваме со барањето на Аталанта натпреварите да ги игра на „Сан Сиро“. Ова е прилика да покажеме дека заедно сме за добро на италијанскиот фудбал. Во договор со градоначалникот се согласивме на предлогот“, соопштиле од Милан.

Ќе потсетиме, стадионот на Аталанта „Алиета Аѕури Д’Италија“ во Бергамо во овој момент е во фаза на реконструкција и нема да биде завршен до почетокот на сезоната и дебито на Аталанта во Лигата на шампионите.

Тој стадион немаше услови за играње и натпревари од Лигата на Европа па поради тоа натпреварите од ова натпреварување минатата сезона ги играа на натпреварот на Сасуоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…