Дома Фудбал Англија Нема повеќе молк: Ова е КРАЈОТ на Венгер и ерата во Арсенал…

Нема повеќе молк: Ова е КРАЈОТ на Венгер и ерата во Арсенал…

Арсен Венгер призна дека на крајот на сезоната ќе размисли за заминување од Арсенал.

Иако летово остана без Лигата на шампионите првпат по 20 години, Венгер доби нов двегодишен договор, но прашање е дали ќе го одработи до крај.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Навивачите се сомневаат во неговото работење повеќе од било кога, Алексис Санчез и Месјут Озил ќе заминат како слободни, клубот ќе загуби, а делува дека оваа година ќе водат жестока битка за место кое води во Лигата на шампионите.

„Сакам да почекам и да бидам што управата ќе каже за моето работење. Потоа ќе донесам одлука, но мојата желба не е спорна, отсекогаш сум сакал да бидам тука, но тоа е само една страна. Мојата глад, мојата посветеност е поголема од било кога. Верувајте ми на зборот дека најмногу се доведувам себеси во прашање, секоја година седнувам и добро гледам зад себе што сум сработил“, истакна Венгер и продлжи:

„Сегашноста за мене претставува каков стил на игра, дали победуваме, немојте да мислите дека не е така. Знам дека трофеите се есенција во фудбалот. Но, ве молам само за едно, бидете зад овој тим, па на крајот на сезоната ќе видиме што сме направиле. Имаме шанси да направиме големи работи, а на крајот, ако не успеам, знајте дека секогаш ќе го сакам овој клуб и дека ќе бидам верен навивач“, заклучи Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …