Дома Фудбал Нема непобедливи: Ватфорд ја прекина серијата на Ливерпул (видео)

Нема непобедливи: Ватфорд ја прекина серијата на Ливерпул (видео)

Ливерпул се „сопна“ на гостувањето кај Ватфорд и ја прекина низата на непобедливост откако запиша изненадувачки висок пораз од 3:0.

Момците на Клоп анемично го започнаа мечот и уште од стартот се виде дека ќе имаат проблеми на ова гостување.

Во второто полувреме целосно паднаа пред феноменалниот Исмаил Сар кој постигна два гола. Капитенот Трој Дини погоди за 3:0 и за вистинска сензација на „Викариџ Роуд“.

Со ова е прекината низата на непобедливот на Ливерпул на 44 меча и не успеаа да го срушат рекордот на Арсенал од сезоната 2003/04 кога титулата ја освои без пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ред Булс го запре Меси: Крај на голгетерската низа и пораз за Интер Мајами

Лионел Меси остана без гол првпат во последните 13 настапи во регуларната сезона на МЛС, а…