Дома Фудбал Англија Нема мир на „Олд Трафорд“: Мурињо е во конфликт и со Валенсија

Нема мир на „Олд Трафорд“: Мурињо е во конфликт и со Валенсија

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е во затегнати односи со капитенот на тимот Антонио Валенсија, пренесуваат англиските медиуми.

Според „Дејли Мејл“, Мурињо бил нездоволен од отсуството на Веленсија на стадионот за време на мечот од Лига купот со Дерби Каутнти, па тоа било прилина Еквадорецот да биде изоставен од тимот за мечот со Вет Хем.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мурињо побарал Валенсија да биде на трибините на „Олд Трафорд“ поради капитенската функција и фактот што не влезе во групата за тој меч, не го оправдува неговото отсуство.

Проблемите на Мурињо со играчите не се ништо ниво. Португалецот од поодамна е во отворен конфликт со Погба, а се поголема е групата на фудбалери кои застануваат од страната на Французинот.

Манчестер Јунајтед вечерва ќе ги одмери силите со тимот на Валенсија во Лигата на шампиони и ќе се обиде да стави крај на серијата од три меча без победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…