Ковид-19 продолжува да прави сериозни проблеми во англиската Премиер лига и одложени се уште два натпревари.
Во 19. коло нема да се играат натпреварите помеѓу Ливерпул и Лидс и Вулверхемптон – Вотфорд. Натпреварите требаше да се играат во недела од 13:30 часот меѓутоа се одложија по барање на Лидс и Вотфорд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
И во двата клуба имаше голем број заразени фудбалери, па екипите беа принудени да ги затворат своите тренинг центри.
Со коронавирус проблеми има и Ливерпул и поради позитивни тестови на претходните три натпревари не играа Ван Дајк, Фабињо и Џонс.