Младата ѕвезда на Барселона, Ансу Фати, во четврток повторно ќе има операција на коленото, поради која што ќе го пропушти Европското првенство.
Фати го повреди менискусот на левото колено во ноември и мораше да паузира четири месеци, по што паузата беше преместена на шест, а како што стојат работите сега не може да се предвиди точниот датум на неговото враќање.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ситуацијата се влошуваше во следните недели. Коленото се зарази систематски и болката не исчезнува. На крајот, тој се одлучи за нова операција, која беше во јануари.
Информациите од Шпанија велат дека Фати овој пат ќе биде опериран од лекар на репрезентацијата на Португалија, и дека се очекува да се врати на терените следната сезона.