Дома Фудбал Нема крај за проблемите на Умтити

Нема крај за проблемите на Умтити

Централниот дефанзивец на Барселона, Самуел Умтити повторно ја обнови повредата и нема да биде повикан за утрешниот меч со Славија Прага во Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Умтити добил болки во левото колено за време на денешниот тренинг, па утре ќе оди на детални медицински прегледи.

Поради истото тоа колено 25-годишниот Французин ја пропушти готово целата мината сезона.

Умтити одлучи да се лекува со конвенционална метода и одби да оди на операција, па поради тоа може да се појави рецидив на повредата.

Покрај него во составот на Барселона го нема и Серџи Роберто за утрешниот меч во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…