Дома Македонски спорт Мак ракомет „Немавме многу време за подготовка, а мораме да најдеме решние за Лазаров“

„Немавме многу време за подготовка, а мораме да најдеме решние за Лазаров“

Maкедонија денес ќе го игра првиот натпревар на Светското првенство, а прв противник ќе ни биде репрезентацијата на Шведска.

Ние во последен момент добивме повик откако Чешка поради голем број позитивни случаи на коронавирус го откажа учеството, а таа промена не е добра за Швеѓаните, барем така тврди нивниот селектор Глен Солберг.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Повеќе сакав Чешка да ни биде противник, за нив се спреавме долго време, а сега немаме многу време да се подготвиме како што треба за Македонија. Сепак, не можеме ништо да смениме ќе го искористиме времето што го имаме максимално за подобро припремни да излеземе на теренот“.

„Ракометот кој го игра Македонија е различен од оној на Чешка, па затоа и ние ќе треба да имаме поинаков пристап. Мораме да најдеме вистинско решение за Лазаров, тој е голем играч и проблем за многу репрезентации“, изјави Солберг.

Македонија и Шведска ќе играат вечерва од 20:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …