Барселона во последно време има многу проблеми со „кртови“ внатре во клубот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Пред неколку дена Ел Мундо имаше детали од договорот на Лео Меси вреден 555 милиони евра, што предизивика бурни реакции, а денеска се појави уште една доверлива информација од клубот.
Овој пат жртва е младиот Ансу Фати. Откриено е дека младата надеж на Барселона имал уште една операција на коленото во јануари и тоа поради опоравувањето од првата операција кое не поминало најдобро.
Информацијата за неговото бавно опоравување прво ја објави мадридски АС, а ТВ3 денеска откри дека имало и втора операција и дека постои можност за трета.
Очигледно е дека во каталонскиот клуб постои „крт“ и неверојатно е како вакви информации лесно излегуваат во јавноста.
Фати во ноември ги повреди лигаментите на левото колено и веднаш заврши на операција, но веројатно не била добро направена и не можеше да се врати на нормален тренажен процес.