Дома Фудбал Некоја нова Аргентина: Отвори Икарди после само една минута, точка стави Дибала! (ВИДЕО)

Некоја нова Аргентина: Отвори Икарди после само една минута, точка стави Дибала! (ВИДЕО)

Aргентина со 2:0 го победи Мексико во пријателски натпревар во Мендоза.

Стрелци на погодоците беа Мауро Икарди и Паоло Дибала.

Ги нема повеќе Маскерано, Ди Марија, Игуаин, на овој собир не беше присутен ниту Агуеро, а Меси и понатаму е на пауза од репрезентативните обврски.

Аргентина под водство на Лионел Скалони повторно има вистинска деветка која во осмиот настап ја отвори својата голгетерската сметка. Наследникот на Меси исто така конечно после 18 настапи го постигна првенецот во дресот на „Гаучосите“.

Истиот двоец режираше победа над истиот противник пред четири дена во Кордоба (2:0), но тогаш не постигнаа погодоци. Сега конечно го „скршија малерот“, поради што целата земја се радува.

https://www.youtube.com/watch?v=cAugULeMbzw

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ендрик има поинаков план од Милан и Рома: Цела кариера во Реал!

Бразилецот не добива голема минутажа во Мадрид, но неговата желба е јасна: сака долгорочно…