Некогаш најдобриот играч во НБА лигата доби отказ само два дена после потписот, дали ова значи и крај на неговата кариера.
Дерик Роуз најкорисниот играч во НБА лигата од 2011 година доби отказ во Јута и сега е слободен играч.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во големиот трејд помеѓу три клуба – Сакраменто, Јута и Кливленд, Кингси ги добија Џо Џонсон и Иман Шамперт, Кавис Родни Худ и Џоџ Хил, а Јута Кларксон и Дерик Роуз.
Меѓутоа некогаш големата ѕвезда во НБА лигата има проблеми со повредите во последните години и очигледно не може да прикажува настапи ниту блиску до оние од најдобритие денови, па така Јута одлучи да се ослободи од него
После ова медиумите во САД си го поставуваат и прашањето дали воопшто ќе ја продолжи кариерата. Добро известениот новинар на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски најави дека единствениот клуб кој би можел да го доведе Роуз е Вашингтон, но се уште нема конкретни информации.
Роуз најдобрите денови ги помина во Чикаго каде што настапуваше од 2009 до 2012 и постигнуваше во просек по 20 поени по натпревар.