Дома Фудбал Останато Некогаш најголема спортска ѕвезда во Турција, а денес работи во пекара – стрелец е и на најбрзиот гол на Мундијалите!

Некогаш најголема спортска ѕвезда во Турција, а денес работи во пекара – стрелец е и на најбрзиот гол на Мундијалите!

Каде исчезна Хакан Шукур? Славниот турски фудбалер пред три години побегна од татковината. Како фудбалер беше омилен, а сега е обвинет дека е предавник и терорист.

Шукур е напаѓач кој играше за Сакариспор, Бурсаспор, Галатасарај, Торино, Интер, Парма и Блекбурн, во 2011 година беше член на турскиот парламент и дел од владеачката партија на Ердоган. Меѓутоа го поддржуваше движењето на Фетулах Гулех кој во 2016 година беше обвинет дека организирал неуспешен обид за државен удар.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


После тој државен удар започна пеколот на Шукур. Ердоган го избриша од спортската историја на Турцијата, неговиот татко го испрати во затвор и му го одзема целиот имот.

Денес една од најголемите ѕвезди на турскиот спорт живее во Калифорнија, во малото место Пало Алто. Сопственик е на пекара со турски специјалитети. Во неа работи сам и од маса до маса ги послужува гостите.

„Турција е моја земја и го сакам трускиот народ. Државните медиуми сега ја променија сликата на народот за мене, но можеби во иднина повторно ќе се вратам таму“, ја започнува својата приказна Шукур за „Тајмс“.

„Можев убаво да живеам доколку го поддржев Ердоган. Знам дека би имал убав живот, веројатно би бил министер да играв по нивните правила. Сега сум тука и продавам храна и пијалоци“.

Шукур е стрелецот на најбрзиот гол во историјата на светските првенства, а неговата виза истекува во 2020 година.

„Верувам дека еден ден ќе се вратам. Темнината не може вечно да трае. Во Америка е поинаку, гледате овде Леброн Џејмс смее да го критикува претседателот. Тоа е најважно, луѓето да имаат слобода. Овде можете да правите што сакате. Во Турција тоа е невозможно“.

Тој и понатаму стравува за својот живот.

„Откако го напуштив парламентот имав големи проблеми. Што и да се обидов да правам се соочував со големи проблем. Мислев дека ќе помине, но никогаш не поминуваше. Поради тоа дојдов тука. Минатиот петок мојот татко преку интернет му кажа на мојот син дека му недостасува и дека сака да го прегне. Малиот заплака, сите плачевме. Милиони луѓе живеат вака, не можат да се вратат во своите домови и да ги прегрнат своите најблиски“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Елиминацијата на Алкараз е одлична вест за Ѓоковиќ и Синер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изненадувачки беше елиминиран во четвртфиналето на турнир…