Дома Топ вести Некогаш доминираа во Франција и играа полуфинале во ЛШ, а денес се најлоша екипа во европската елита

Некогаш доминираа во Франција и играа полуфинале во ЛШ, а денес се најлоша екипа во европската елита

Eкипата на францускиот гигант Лион поминува низ еден од најлошите периоди во својата историја.

Лион минатата сезона го освои седмото место во лигата и така остана без пласман во Европа, сезонава започнаа уште полошо. Имено, гигантот од Франција кој пред нешто повеќе од три години играше полуфинале во Лигата на шампионите во овој момент е најлошиот тим во елитниот европски фудбал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По седум одиграни кола, Лион има само два бода и се наоѓа на последното место во Франција. Катастрофална им е и гол-разликата, три постигнати и 13 примени голови. Во најсилните пет европски тим нема тим со послаб учинок.

Сега им следуваат натпревари против Лориен (16 место) и Клермон кој има исто така два бода, па ова ќе биде шанса конечно да почнат со добри резултати, но како играат сезонава сигурно нема да им биде лесно.

Ако Лион не победи на овие два натпревари, тогаш и дефинитивно ќе најават сезона во која ги чека борба за опстанок во француската Лига 1 што навистина звучи неверојатно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…