Денес во 12:00 часот УЕФА ќе ја одржи ждрепката за Лигата на Нации.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На ждрепката ќе биде одлучено кој ќе биде домаќин на финалниот натпревар. Поради подобриот ранкинг во лигата Д ние добивме право да бидеме домаќини во полуфиналето каде што ќе играме против Косово на 26-ти март.
Ние денес ќе држиме среќа и ќе се надеваме дека ќе добиме прилика и финалето да го играме дома, секако ако го елиминираме Косово. Финалето е закажано за 31-ви март.
Можеме само да замислиме каква ќе биде еуфоријата ако Македонија на свој терен обезбеди пласман на Европското првенство наредното лето.