Бруталниот старт на Антоан Гризман на глуждот на ривалот Санчето е моментот за кој најмногу се зборува по првиот полуфинален натпревар од Кралскиот куп, Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао (0:1).
„Гризман“ како термин е во тренд на Твитер поради тоа, но и благодарение на судијата Алехандро Ернандез и неговиот видео асистент.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, ниту еден од двајцата не го видел очигледното. Како најдобриот играч на Атлетико намерно го запира со газење на скочниот зглоб.
Како што може да се види на видеото, нема сомнение дека Гризман задоцни со старт на топката или дека не успеа да ја запре ногата во обидот да дојде до топката.
Here’s the clip of the Griezmann challenge on Oihan Sancet 😬pic.twitter.com/lx5qqKCRQY https://t.co/BljNhTj8bq
— LaLigaExtra (@LaLigaExtra) February 7, 2024
Неверојатно, но судијата не му додели ниту жолт картон за овој опасен, опасен старт. Навивачите на Атлетик, но и шпанските фудбалски фанови воопшто, се шокирани стартот на Гризман, а уште повеќе од тоа што судиите не го казнија на никаков начин.