Баерн Минхен ја декласира Борусија Менхенгладбах со 6:0 и на тој начин ја завери титулата во Бундеслигата.
За Баварците ова беше девета титула во низа, а повторно брилијантен беше Левандовски.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Напаѓачот вчера постигна три гола и дојде до 39 погодоци оваа сезона и е многу блиску да го сруши рекордот на легендарниот Герд Милер.
Милер во сезоната 1971/72 постигна 40 погодоци и Левандовски во следните два натпревари ќе има шанса да го надмине.
Лева после натпреварот доби незгодно прашање од германските новинари. Дали бараше од соиграчот да ти ја додаде топката за да стигнеш до рекорд?
„Не, не сум. Не работам такви работи. Кога нешто премногу сакате најчесто тоа на крајот не го направите. Кога играш за екипа, ќе ја дочекаш својата шанса.“ – рече Левандовски.
Баерн до крајот на сезоната игра со Фрајбург и Аузбург, па Левандовски ќе има убава прилика да го сруши рекордот на Милер.