Дома Фудбал НЕЗАПАМЕТЕНО во фудбалската историја: Реал Мадрид и Барселона со иста гол разлика од самото постоење на Ла Лига до денес

НЕЗАПАМЕТЕНО во фудбалската историја: Реал Мадрид и Барселона со иста гол разлика од самото постоење на Ла Лига до денес

Во викендот што е зад нас Реал Мадрид и Барселона забежаа нови победи во домашното првенство. Кралевите славеа над Алавеш со 4:0, додека Барса беше подобра од Жирон со 6:1.

Неуморните статистичари се погрижија да ја пресметаат гол разликата на обете екипи и тоа речиси од самиот старт на првенството во Шпанија. Имено, во последните 2.787 натпревари Барселона и Реал Мадрид во Ла Лига обата клуба имаат иста гол разлика.

Овој податок ја шокираше фудбалската јавност, а потоа многумина потврдија дека се работи за точен податок. Реал Мадрид во последните 2.787 натпревари постигнал 6.009 погодоци, а примил 3.167 погодоци, тоа значи дека гол разликата на кралскиот клуб е +2.842.

Од друга страна во исто толку одиграни натпревари во најсилниот ранг на шпанскиот фудбал, Барселона постигнала 5.968 погодоци, а примила 3.126 погодоци. Гол разликата на каталонскиот клуб исто така е +2.842 погодоци што навистина е неверојатно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар платил казна на УЕФА од 250.000 евра

Од редовите на Вардар соопштија дека ја подмириле казната од 250.000 евра изречена од УЕФА…