Атлетико Мадрид и Челзи ги договараат последните детали од размената помеѓу Жоао Феликс и Конор Галагер, пренесува новинарот Фабрицио Романо.
Атлетико првично го договори трансферот на Галагер за 40 милиони евра, па дури и објави негова слика од стадионот, но преговорите пропаднале бидејќи Челси и Атлетико не успеала да се договорат околу трансферот на Саму Омордион.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Последните информации се дека сега како дел од трансферот ќе биде вклучен Жоао феликс, кој е на излезна врата од Атлетико, а во Челзи помина една сезона пред две години.
Двата клуба веќе ја договориле трампата и се договараат последните детали за официјализирање на зделката.
🔵🔀🔴⚪️ Atlético Madrid and Chelsea keep working on final details for João Félix and Conor Gallagher deals…
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 19, 2024
It remains close and well advanced. ⤵️ https://t.co/knOJqva9Hj