Челзи во утрешниот натпревар против Реал Мадрид во кој „сините“ ќе „бркаат“ негатива од 1:3 на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде без напаѓачот Ромелу Лукаку.
Лукаку има повреда на петата поради која го пропушти и натпреварот против Саутемптон во саботата кој Челзи го доби со 0:6. Постоеа можности Лукаку да игра утре, но сепак на крајот е донесена одлука тој да не патува со тимот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На првиот натпревар во Англија, Лукаку играше во второто полувреме и влезе во една голема прилика за постигнување гол, но не ја искористи. Челзи за Лукаку пред почетокот на сезоната на Интер му плати сума од 98.5 милиони фунти, меѓутоа Белгиецот е далеку од посакуваната форма.