Дома Останати Ракомет Неверојатно, но можно: Данска ги има сите победи, а се уште може да остане без медал!

Неверојатно, но можно: Данска ги има сите победи, а се уште може да остане без медал!

hansen

На Светското првенство во Данска и Германија денес е слободен ден, а утре ќе ги дознаеме останатите полуфиналисти, покрај Франција и Германија кои веќе се полуфиналето.

Во другата група Данска апсолутно дминира, но може да се случи и да отпадне од трката за медали. Данците се единствена селекција која на седум натпревари имаат топку победи. Сепак и покрај таквата доминација само еден пораз може да ги оддалечи од борбата за медал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Утре од 20:30 часот Шведска игра против Данска. Данска влегува со максимални осум бода во овој натпревар, но според математиката ако Шведска слави над Данска, а Норвешка ја победи Унгарија добиваме круг од три репрезентации по осум бода. Тогаш ќе решава гол-разликата во меѓусебните дуели и ќе биде важно кој со колку разлика го победил ривалот.

Данска има плус четри во однос на Норвежаните (30:26), додека Норвешка има плус три во однос на Шведска (30:27). Тука има повеќе варијанти, но најмногу интересна е онаа во која Данска која доминира може да остане без медал.

За тоа да се случи Шведска треба да ја победи Данска со шест или повеќе голови разлика. Така Шведска би бил втора, Норвешка втора – нема полуфинале за Данците.

Може и Шведска да слави со пет гола разлика и Данска да отпадне, но тогаш Данците не треба да постигнат повеќе од 25 гола.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вујовиќ експресно доби отказ во Хрватска, но и суспензија од три месеци

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ поради лошите резултати доби отказ…