Легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Гер Невил го изнесе своето мислење за престојното полуфинале во ЛШ помеѓу Ливерпул и Рома.
Првиот полуфинален дуел се игра вечерва на „Енфилд“ и привлекува огромно внимание, особено поради фактот што малкумина очекуваа дека овие два тима ќе се најдат во оваа фаза.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, Ливерпул и Рома потполно засилужено се во полуфинале, а Невил смета дека „волчицата“ ќе биде таа која ќе патува во финалето во Киев.
„Мислам дека Ливерпул ќе го добие првиот меч со 2:1, но исто така мислам дека ќе биде елиминиран после двата натпревари. Рома е способна да го друстрира нападот на Јирген Клоп“, смета Невил.
Рома во четвртфиналето ја елиминира Барселона, додека Ливерпул беше подобар од Манчестер Сити.