Погба јасно е дека не е во посакуваната форма во последните неколку натпревари за Манчестер Јунајтед, па неговото место на мечот со Сивиља го зазема МекТоминеј.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Кон Мурињо критика се јави од Гери Невил кој смета дека Португалецот треба да ги неутрализира слабостите.
„Сметам дека Погба е подобар кога е недисциплиниран. Потсетува на Верон, па оттаму треба да се искористат сите негови квалитети и не може секогаш да биде брилијантен. Тој е подобар со тројца во средниот ред, Јунајтед знае каков играч зема кога го купи, па затоа треба тоа да се искористи“, истакна Невил.