Дома Фудбал Останато Невил има одличен предлог: Кој намалува палти и дава откази, не може да купува на лето!

Невил има одличен предлог: Кој намалува палти и дава откази, не може да купува на лето!

Колку и да го сакаме фудбалот мораме да признаеме дека во него има луѓе кои работат бесрамно.

Во ек е пандемијата од коронавирусот и многу клубови водат лицемерна политика на намалување на плати на фудбалерите и ги испраќаат вработените на принуден одмор, некои дури и им даваат откази, а од друга страна кројат планови за летниот преоден рок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гласот против таквите луѓе го крена Гери Невил, легендарниот ас на Манчестер Јунајтед има и свој предлог.

„Мораме да ја гледаме пошироката слика. Тие приказни дека некој ќе го купи Кејн за 200 или Санчо за 100 милиони евра генерално се најави за големи трабсфери. Мој предлог е ако некој им ги намали платите на играчите за 30%, а ваму троши богатство на купување нови фудбалери треба да добие забрана за доведување на играчи во летниот преоден рок“.

„Каде има чад, таму има и оган и затоа и предложувам на Премиер лигата да воведе такво правило. Ако ги намалуваш платите на фудбалерите и ако го испраќаш персоналот на одмор тогаш не можеш да трошиш богатство на нови играчи“, предлага Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…