Дома Фудбал Невил до Роналдо: Не чекај две недели, кажи ја веднаш вистината

Невил до Роналдо: Не чекај две недели, кажи ја веднаш вистината

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Гери Невил побара од Кристиано Роналдо веднаш да им ја каже вистината на навивачите на „црвените ѓаволи“ за случувањата во клубот од „Олд Трафорд“.

Роналдо денеска се огласи и објави дека медиумите шират лаги за него. Тој најави дека во интервју за неколку недели ќе соопшти што навистина се случува во клубот, како и дали сакал да го напушти Манчестер Јунајтед.

„Зошто најдобриот играч на сите времиња треба да чека две недели за да им ја каже вистината на навивачите на Манчестер Јунајтед? Излези сега и разговарај. Клубот е во криза, а челниците треба да се изјаснат. Тој е единствениот кој може да се справи со оваа ситуација“, изјави Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…