Дома Фудбал Англија Невил го откри главниот проблем на Солскјер: Тоа мора да го поправи

Невил го откри главниот проблем на Солскјер: Тоа мора да го поправи

solskjer

Оле Гунар Солскјер и наредните три години ќе седи на клупата на Манчестер Јунајтед. Сосема очекувана е оваа одлука на челниците на клубот со оглед дека Норвежанецот го препороди клубот од Олд Трафорд.

Ги освои симпатиите на навивачите и стана јасно дека од неговто враќање во Норвешка нема да биде ништо.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, денеска е стручен коментатор во Скај спорт и среќен е поради одлуката на челниците на Црвените ѓаволи, но му порача на Солскјер што мора да поправи во тимот.

„Дефинитивно тоа е одбраната. Мислам дека тоа треба да му биде во фокусот кога се во прашање засилувањата. Потребен е стабилен стоперски тандем бидејќи имаше многу промени на тие позиции.“ – изјави Невил.

Истакна дека Норвежанецот мора да ги има вистинските луѓе покрај себе и потполна поддршка доколку сака да оствари добри резултати.

„Играчите беа за Оле. Тоа сега е јасно, но истите тие кулминираа при заминувањето на Мурињо. Мора сега да ја задржи одлучноста и ставот од првиот ден кога пристигна во клубот.“ – додаде Невил.

Манчестер Јунајтед моментално во англиското првенство се наоѓа на петото место со 58 освоени бода, додека во Лига на шампиони во рамките на четврт финалето за ривал ќе ја има Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…