Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил откри дека би бил посреќен ако Ливерпул ја испушти предноста во Премиер лигата.
„Црвените“ се први во домашното првенство со скор од 13 победи и реми со 40 освоени бодови. Од друга страна Манчестер Јунајтед се наоѓа на 10. позиција со 18 освоени бодови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ако Ливерпул ја испушти предноста би бил многу посреќен. Искрено би уживал гледајќи ги како имаат 11 бодови предност, а потоа се распаѓаат. Всушност, се надевам дека оваа предност ќе ја имаат и во март, па потоа ќе се распаднат. Меѓутоа ќе бидам реален и ќе кажам дека покажаа констатност во изминатите две години“, изјави Невил.