Натпреварот помеѓу Ковентри и Форест Грин беше обележан од еден незадоволен фан на домашниот тим.
Додека сите очи вчера беа вперени кон натпреварите од Лигата на шампионите за тоа време на теренот во Ковентри се случи до сега невидена сцена.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Навивачот на домашниот тим незадоволен од залагањето на фудбалерите одлучи малку да зборува со нив и тоа на теренот, за време на натпреварот.
Она што веднаш „паѓа во очи“ е што за тоа време никој од редарите и обезбедувањето не реагираше, па навивачот како што влезе, така и го напушти теренот.
Ова е навистина несекојдневна сцена ако се има предвид колку Англичаните се остри по таквите испади, после кои следат парични казни или забрана за влегување на стадионите.
Иначе, натпреварот помеѓу Ковентри и Форест Грин заврши со минимална победа на гостите.