Франк Кеси во текот на вчерашниот ден требаше да потпише договор со екипата на Милан, но се појавија компликации при лекарските прегледи.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Наводно, лекарските прегледи не биле проблем затоа што имал здравствени проблеми, туку затоа што, верувале или не, во Милано се сомневаат дека е цели пет години постар одколку што пишува во документите, пренесуваат некои медиуми.
Претходно Мароканците на младинското првенство во Африка се жалеа дека Кеси е пет години постар, а сега во Милан се сомневаат и сакаат да дознаат колку навистина години има Кеси.
Тој официјално е роден на 9 декември 1996 година, а Марокоанците тврдат дека тој е роден 1991 година и сега има 26 години.
Кеси минатата сезона настапуваше за Аталната и со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Сепак од Милан попладнево ги смирија фановите и истакнаа дека станува збор за рутински медицински прегледи и физички тестови, па утре играчот ќе биде во тренинг центарот „Миланело“ и дека нема никаков проблем.