Според пишувањата на германските медиуми, Озил одбил четири понуди пред да го потпише договорот со Арсенал, односно продолжи на уште три години.
Како што се наведува, Јунајтед ја понудил истата сума, но Озил беше неодлучен, а што се однесува до Барселона не се гледал себеси во Каталонија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ПСЖ му ги нудеше посакуваните 20 милиони по сезона, но Озил не беше заинтересиран за француската лига, неговата прва желба била да остане во ПЛ.
На крајот, би можел да земе богатство, околу 30 милиони евра нето на годишно ниво, три пати повеќе отколку во Арсенал, клуб од Кина, двократен шампион на Азија и екипа која доминира во оваа деценија во кинеската лига, но германскиот репрезентативец не сакаше да ја разгледува понудата.