Дома Топ вести Неверојатно: Реал ќе украде уште еден фудбалер од својот најголем ривал

Неверојатно: Реал ќе украде уште еден фудбалер од својот најголем ривал

Реал ова лето ангажираше две засилувања на „Сантијаго Бернабеу“ каде пристигнаа Тео Ернандес од Атлетико Мадрид, а наскоро истото би требало да го стори и Дани Себаљос од Реал Бетис.

За двајцата фудбалери интерес покажа и Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изгледа дека управата на Реал уште еднаш ќе ја надмудри управата на Барселона, овојпат се чини би можело најмногу да боли.

Имено, Барселона ова лето покажа интерес за неколку фудбалери од средината на теренот. Првата желба беше Марко Верати, во управата се уште се надеваат дека би можеле да го ангажираат, а како негови алтернативи се споменуваат Себаљос, но и бразилскиот репрезентативец, Паулинјо.

Некогашниот играч на Тотенхем настапува во Кина за Гванжу Евергранде, Кинезите не сакаат да го продадат, но самиот фудбалер изјави дека би сакал да заигра на „Комп Нау“, иако се шпекулира дека би можеле на крајот да попуштат.

Како што пренесува „Мундо Депортиво“ се би можело да се промени во потполност на штета на Барселона.

Имено, во целата приказна сега се вмеша и мадридски Реал, а Мадриѓаните како што се наведува имаат и голема предност во однос на Барселона.

Флорентино Перез, претседателот на „кралскиот“ клуб е наводно во одлични односи со претседателот на кинескиот тим, па се верува дека првиот човек на Реал своето пријателство ќе го искористи, така што бившиот фудбалер на Тотенхем ќе го пресели на „Бернабеу“.

Паулинјо секако нема да биде евтино засилување, Кинезите без размислување ја одбија понудата на Барселона тешка 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…