Дома Топ вести НЕВЕРОЈАТНО: Ова е доволен доказ зошто Реал Мадрид е во толкава очајна форма

НЕВЕРОЈАТНО: Ова е доволен доказ зошто Реал Мадрид е во толкава очајна форма

По поделбата на бодовите во градското дерби против Атлетико, Реал Мадрид, актуелниот шпански и европски шампион, заостанува 10 бода зад водечката Барселона.

По одличниот крај минатата сезона и победата над Барселона во шпанскиот Супер куп, Реал падна во криза и доколку вака продолжат, веројатно уште пред Божиќ ќе им ја предадат круната на Барселона или пак можеби Валенсија која игра навистина одлично оваа сезона.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Една од главните причини за лошите резултати на Реал, освен лошата форма на средниот ред, е реализацијата. Напаѓачкото дуо на Реал, Роналдо и Бензема заедно оваа сезона во лигата постигнаа само два гола. Познато е дека Роналдо се мачи пред голот и дека има катастрофална реализација, но лошата форма на неговиот партнер е дополнителна причина за загриженост на тренерот Зидан.

Но, она што навистина е неверојатно е дека учинокот на Бензема и Роналдо во најсилните лиги го „надминаа“ само напаѓачите на Беневенто, последната екипа во Серија А и најлошата европска екипа на сите времиња која има 13 порази во првите 13 првенствени кола.

Реал сега за сега го држат Марко Асенсио и Иско, кој се најдобрите стрелци во лигата со по четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…