Кинескиот фудбалски клуб Хебеи, како што пренесува шпанскиот весник „АС“, ќе се обиде со безобразно богата понуда да го убеди Лионел Меси да се пресели во Кина.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според истиот извор Хебеи е подготвен да му исплаќа на Аргентинецот сума од 100 милиони евра годишно, односно 500 милиони евра за пет години, доколку Меси пристигне во овој клуб.
Лионел Меси е член на Барселона од својата 13-та година, тој е еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, а со клубот има договор до 2018 година.
Хабеи е клуб кој минатата зима го „раздрма“ европскиот пазар кога во своите редови ги донесе Лавеци, Жервињо и Мбија, а сега е подготвен да му понуди половина милијарда евра на Лео Меси.
Меси кој е член на Барселона од својата 13-та година, има договор до 2018 година и моментално преговара за нов договор, а медиумите пренесуваат дека според него ќе заработува 35 милиони евра по сезона.