Давид Алаба не може да се договори со Баерн Минхен околу продолжување на соработката.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, преговорите меѓу двете страни за продолжување на договорот траат веќе неколку недели, но решение не е на повидок.
Агентот на Алаба, Пини Захави, бара од Баерн петгодишен договор според кој неговиот клиент би заработувал 25 милиони евра годишно.
На Баерн ќе биде многу тешко да се согласи на овие барања, а она што го нуди е осум милиони помалку од она што го сака Захави, односно 17 милиони евра годишно.
Алаба влезе во последната година од договорот и на лето може да си замине без обештетување, па поради тоа на Баерн му се брза да ја реши неговата иднина.
Сепак, барањата на Австриецот се неприфатливи и голема е веројатноста двете страни да не постигнат договор.