Дома Останати Кошарка НБА Неверојатниот Лилард повторно на +50, Леброн до трипл-дабл во победата на Лејкерси (ВИДЕО)

Неверојатниот Лилард повторно на +50, Леброн до трипл-дабл во победата на Лејкерси (ВИДЕО)

Првата ѕвезда на Портланд, Демијан Лилард игра во одлична форма, тоа го покажа и во последниот натпревар против Јута.

Лилард беше најзаслужен што неговиот Портланд ја доби Јута со 124:107. Лилард натпреварот го заврши со 51 поен и 12 асистенции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова е веќе петти пат за Лилард да постигне над 50 поени. Во последните пет натпревари неговиот просек е на неверојатни 48.8 поени, додека кај асистенциите е 10.2 Портланд пак со оваа победа се доближи до местото кое води во плеј-офот, сега се деветти со скор од 23:27 (победи – порази).

Одлична вечер имаше и Леброн Џејмс кој во победата на Лејкерси против Сакраменто од 113:129 уфрли трипл-дабл. Леброн оствари трипл-дабл со 15 поени, 11 асистенции и 10 скока.

Далас без Лука Дончиќ стигна до победа против Атланта со 123:100.

Индијана – Њујорк Никси 85:92

Орландо – Мајами 89:102

Кливленд – Голден Стејт 112:131

Вашингтон – Бруклин 113:107

Бостон – Филаделфија 116:95

Далас – Атланта 123:100

Сан Антонио – Шарлот 114:90

Сакраменто – Лејкерси 113:129

Портланд – Јута 124:107

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Изјавата на Ристовски која денес изгледа како предвидување

Тимот на Динамо Загреб освои големи три бода во вчерашното дерби со Ријека и така дојде на…