Соиграчот на Барди од Леванте, Аитор Фернандез се најде во една неверојатна ситуација.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Шпанскиот прволигаш многу веројатно ќе биде без својот стандарден голман Аитор Фернандез во неделниот натпревар против Атлетик Билбао, а причината е неверојатно – чуварот на мрежата мора да работи како контролор на избирачко место.
Имено, покрај фудбалот во недела во Шпанија ќе има парламентарни избори и Фернандез се наоѓа на листата резервни членови на комисијата и мора да се појави за во случај да треба помош тој ден. Неговата изборна единица е неговиот град Мондрагон. Сите кои сакаат да ја избегнат оваа обврска мораат да приложат адекватно оправдување, а молбата на Леванте да го ослободи голманот ескпресно била одбиена.
Дополнителен проблем за Леванте е што резервниот голман Ојер Олазабал е повреден и нема да биде во комбинација за настап.
Леванте денес ќе испрати нова желба за голманот да биде ослободен, а како пример ќе ја приложат ситуацијата која се случи со Инаки Вилијамс во 2015 година. Тогаш напаѓачот на Билбао се нашол во иста ситуација и бил ослободен, па дури и постигнал гол за Билбао токму против Леванте во победата од 2:0. Интересно е што уште еден играч на Леванте, Хорхе Мирамон исто така требало да се појави во недела на изборите, но тој добил дозвола од својот роден град да остсуствува.