ПСЖ не знае за заштеда на пари, па ќе се обиде во следниот период да го донесе Иван Ракитич, моменталниот фудбалер на Барселона.
Овој хрватски репрезентативец ќе донесе одлука следната недела дали ја напушта Барселона или не, пренесува шпански Спорт, но далеку е поголема шансата да остане во овој клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Спорт“ пишува дека стигнала понуда од 90 милиони евра на адреса на Барселона, а има уште неколку дека за се размисли за оваа понуда бидејќи преодниот рок истекува на 31. август за шпанските и франвуските екипи.
Малком, Артуро Видал и Артур се засилувањата за Барселона во овој преоден рок, а има и такви кои претпоставуваат дека Ракитиќ би можел да биде продаден.
Тешко е да се поверува, но понудата од 90 милиони звучи прилично примамливо…