Дома Останати Кошарка НБА Неверојатна ноќ за Богдановиќ: Погоди тројка со звукот на сирената и ги сруши Лејкерси! (ВИДЕО)

Неверојатна ноќ за Богдановиќ: Погоди тројка со звукот на сирената и ги сруши Лејкерси! (ВИДЕО)

bogdanovic

Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни пет натпревари.

Сакраменто го слави Богдан Богдановиќ! Српскиот кошаркар беше херој во победата на Кингси против Лос Анџелес Лејкерс и погоди тројка со звукот на сирената за конечни 117:116!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа беше голем подвиг на домашниот тим кој во последната четвртина во еден момент губеше дури и со 15 разлика. Тогаш Богдановиќ се „разбуди“ и Сакраменто започна да игра одлично.

До таа последна четвртина Богдановиќ уфрли 11 поени, додека во последната постигна 12. Натпреварот така го заврши со 23 поени за 30 минути поминати во игра, имаше уште два скока и асистенција.

Имаа Лејкерси на 41 секунда пред крајот +3, бидејќи Кузма погоди тројка за истиот играч да има половичен учинок од линијата за слободни фрлања за 116:114.

Тогаш на сцена стапи Богдановиќ! На семафорот стоеа 4.6 секунди до крајот, Богдан доби топка од аут, а потоа Србинот со чекор наназад преку високиот Чендлер погоди со звукот на сирената за победа.

Треба да се спомене дека кај Лејкерси поради повреда не играше Леброн Џејмс. Во негово отсуство Кајл Кузма со 33 поени и девет скокови беше лидер на тимот. На другата страна на најефикасен беше Богдановиќ.

https://youtu.be/Upavn5MlMZo

Џејмс Харден го предводеше Хјустон до победап ротив Бостон со резултат 127:113. Харден на оваа средба уфрли 45 поени. Кајри Ирвинг со 23 поени и 11 асистенции беше подобар од останатите во Бостон.

https://youtu.be/PFahKj57n80

Портланд после продолженија беше подобар од Голден Стејт и тоа со тројка на шест секунди до крајот ја погоди Лилард за 110:109.

Лилард натпреварот го заврши со 21 поен, а најефикасен кај гостите беше Јусуф Нуркиќ со 27 поени и 12 скокови. На другата страна Стеф Кари уфрли 29 поени и запиша седум асистенции и пет скока. До нов трипл-дабл стигна Дурант со учинок од 26 поени, 11 асистенции и 10 скокови.

НБА резултати

Хјустон – Бостон 127:113

Милвоки – Њујорк Никси 112:96

Сакраменто – Лос Анџелес Лејкерс 117:116

Голден Стејт – Портланд 109:110 (после продолженија

Јута – Филаделфија 97:114

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…