Дома Останати Кошарка НБА Неверојатна вечер за Ембид, Дерозан одличен и против Хјустон, Кари ги водеше Вориорси до нова победа 🎥

Неверојатна вечер за Ембид, Дерозан одличен и против Хјустон, Кари ги водеше Вориорси до нова победа 🎥

Неверојатниот Џоел Ембид ја обележи вечерта во НБА.

Центарот на Филаделфија постигна 41 поен и 17 од нив беа во последната четвртина. Во финишот погодуваше тешки шутеви, а потоа три слободни фрлања во последните четири секунди со кои обезбеди победа за својот тим против Бостон. Играше 40 минути, го носеше својот тим на грб, му помогна Сет Кари со 26 поени. Кај Бостон најрасположен беше Џејлен Браун со 30 постигнати поени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После Лејкери, Демар Дерозан го преслуѓа и Хјустон. Им уфрли 26 поени, Чикаго лесно дојде до победата, водеа со 25 поени во првото полувреме. Резервите постигнаа вкупно 66 поени и за гостите од Тексас немаше спас. Вучвеиќ го заврши мечот со 18 поени, 6 скокови и 4 асистенции.

Стеф Кари доби овации во Сан Франциуско во првиот меч дома после рушењето на рекородт на Реј Ален. Кари уфрли 30 поени, Вориорси немаа проблем со Сакраменто, Драјмонд Грин стигна до 31 трипл-дабл во кариерата, 16 поени, 11 скокови, 10 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Бостон – Филаделфија 103:108, Чикаго – Хјустон 133:118, Мемфис – Оклахома 99:102, Јута – Шарлот 112:102, Голден Стејт – Сакраменто 113:98, ЛА Клиперс – Сан Антонио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …