Дома Останати Кошарка НБА Неверојатен трипл-дабл на Вестбрук: Стана само вториот играч на кој му успеало вакво нешто (ВИДЕО)

Неверојатен трипл-дабл на Вестбрук: Стана само вториот играч на кој му успеало вакво нешто (ВИДЕО)

Оклахома изминатата вечер на свој паркет запиша победа против Лос Анџелес Лејкерси од 119:103.

Подобро во тој натпревар влезе Оклахома и брзо стигнаа до двоцифрена предност, но Лејкерси успеаа до крајот на првата четвртина да намалат на шест разлика и тој дел се заврши со 34:28.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во втората четвртина Лејкерси во еден момент дури имаа и предност, но на полувреме се замина со 59:44 за Оклахома. Во продолжение домаќините играа многу подобро и констатно ја зголемуваа својата предност, а на крајот се заврши со резултат 119:103.

Расел Вестбрук одигра маестрален натпревар во кој оствари неверојатен трипл-дабл од 20 поени, 20 скокови и 21 асистенција и така стана само вториот играч во НБА на кого му успеало вакво нешто, после Вилт Чембрлејн.

Сан Антонио ја пречека Атланта и оствари победа од 117:111, а Демар Дерозан ги предводеше Спарси до победа со 29 поени. Џејмс Харден со 36 поени го предводеше Хјустон на гости против Сакраменто 130:105.

Голден Стејт Вориорс на свој паркет го совладаа Денвер Наџентс со 116:103, а Демаркус Коузинс беше најефикасен во својот тим со 28 поени, додаде и 12 скокови со што оствари дабл-дабл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…