Дома Фудбал Англија Неверојатен податок: Алисон на „Енфилд“ има еден пораз и тоа не како голман на Ливерпул

Неверојатен податок: Алисон на „Енфилд“ има еден пораз и тоа не како голман на Ливерпул

Бразилскиот голман Алисон пред две години дојде во Ливерпул како најскап голман во тоа време (Кепа Аризабалага подоцна го сруши неговиот рекорд) и две сезони подоцна можеме да видиме дека Ливерпул не погреши.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во Ливерпул Алисон дојде од Рома за сума од околу 70 милиони евра и во изминатиот период ја освои Лигата на шампионите, а сезонава и Прмиер лигата на која Ливерпул чекаше 30 години.

Две години подоцна Алисон има еден неверојатен податок – нема загубено натпревар на „Енфилд“ како голман на Ливерпул. Алисон на „Енфилд“ има еден пораз, но не како играч на Ливерпул.

Поразот на Алисон е како голман на Рома со која гостуваше кај Ливерпул, од кога е во таборот на „црвените“ се уште не знае за пораз на домашен терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул откри споменик на Диого Жота и неговиот брат на Енфилд (Фото)

Ливерпул на првата годишнина од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва откри тра…