Дома Фудбал Неверојатен план на Реал. Следното лето ќе донесе две суперѕвезди – и тоа бесплатно!

Неверојатен план на Реал. Следното лето ќе донесе две суперѕвезди – и тоа бесплатно!

Реал Мадрид заврши многу на трансфер пазарот ова лето кога ја доведе ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе како слободен играч.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот пристигна во шпанската престолнина откако му истече договорот, па Реал за него не мораше да им плати отштета на Французите.

Кралскиот клуб следното лето сака да ја повтори стратегијата за доведување ѕвезди без договор, а на врвот на листата на желби се одличните дефанзивци, Алфонсо Дејвис (22) од Баерн Минхен и Трент Александер-Арнолд (25) од Ливерпул.

Дејвис е еден од најдобрите леви бекови, а Трент еден од најдобрите десни бекови во светот.

Заедничко им е тоа што и двајцата влегуваат во последната година од договорите и во 2025 година, според моменталната состојба, би можеле да ја променат средината без надомест. Реал ги сака долго време, но е подготвен да почека уште една година за да заштеди значителни пари.

Реал моментално е добро покриен на бековските позиции, десно ги има Дани Карвахал и Лукас Васкез, а лево Ферландо Менди и Фран Гарсија, но со Дејвис и Трент би се искачиле на повисоко ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Младински репрезентативец на Македонија го засили Тиквеш!

Фудбалскиот клуб Тиквеш го реализираше второто засилување во летниот преоден рок, ангажира…