Даниел Мукш е човекот кој ја напиша биографката книга за Новак Ѓоковиќ, а често пати знае да објави и интересни детали поврзани со најдобриот светски тенисер. Сега тој зборуваше за прекинот на соработката на Ѓоковиќ со неговиот тренер Марјан Вајда.
Вајда е еден од најзаслужние луѓе за големите успеси на Ѓоковиќ во кариерата, а неодамна беше потврдено дека ја прекинуваат соработката. Мукш тврди дека една од причините е одбивањето на Ѓоковиќ да се вакцинира.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Знам дека вакцинирањето беше еден од деталите поради кој тие престанаа да соработуваат. Имаше жешки дебати бидејќи Вајда гледаше поинаку на таа тема од Новак. Тој го советуваше да се вакцинира, меѓутоа Ѓоковиќ не го слушаше“, изјави Мукш.
На Ѓоковиќ не му оди баш најдобро по прекинот на соработката со Вајда. Пред крајот на четвртиот месец од годината Ноле нема титула на ниту еден турнир, а на четирите мечеви кои го одигра претрпе два порази.