Дома Останати Неагу доминираше, но падна во вода: Романките елиминирани, Русинките тешко против Кореја

Неагу доминираше, но падна во вода: Романките елиминирани, Русинките тешко против Кореја

Русинките по тешкиот дуел успеаа да го скршат отпорот на Јужна Кореја и по продолженијата славеше со 36-35,со што обезбеди пласман во четвртфиналето од ракометниот мундијал за жени.

Женската руска селекција имаше предност, за потоа Корејките да направат пресврт, па со гол во самиот финиш едвај да стигне до продолженија. Русија сепак доминираше во дополнителните десет минути, го контролираше резултати и стигна до место меѓу најдобрите осум селекции.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Чешка пак, приреди огромно изненадување земајќи славејќи против Романија како голем фаворит со минимални 28-27.

Романија ја предводеше Кристина Неагу која тргна фуриозно во натпреварот, поведувајќи со 15-10 во текот на првото полувреме. На паузата се замина со резултат 17-14, а Неагу за 30 минути игра постигна осум погодоци.

Како клучна се покажа промената на голманот на Чешка, откако во вториот дел во игра влезе Кудлацкова и целосно ги исфрли од ритам противничките ракометарки.

Во драматичниот финиш, Неагу од пенал израмни на 27-27, за Чешка да постигне гол пред последниот свиреж на сирената и да се пласира во четвртфинале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вујовиќ експресно доби отказ во Хрватска, но и суспензија од три месеци

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ поради лошите резултати доби отказ…