Дома Останати Кошарка НБА: Јокиќ одличен во победата на Денвер, Дончиќ солиден, Хјустон загуби Харден не беше ниво (ВИДЕО)

НБА: Јокиќ одличен во победата на Денвер, Дончиќ солиден, Хјустон загуби Харден не беше ниво (ВИДЕО)

На паркетот во најсилната кошаркарска лига во светот вчера се одиграа нови натпревари.

Тимот на Хјустон го запиша првиот пораз на отварањето на сезоната и тоа на домашен терен од Њу Орлеанс со 112:131. Њу Орлеанс до победата го предводеше Ентони Дејвис со 32 поени и 16 скокови, додека Никола Миротиќ додаде 30. Кај домаќините Џејмс Харден запиша за 18 поени, а Крис Пол имаше еден повеќе. Новата ѕвезда на тимот, Кармело Ентони постигна само девет поени за 27 минути поминати на паркетот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денвер на гостински терен запиша победа против Лос Анџелес Клиперси (98:113), одличен настап запиша Никола Јокиќ. Српскиот кошаркар уфрли 21 поен, додаде пет асистенции и запиша осум скока. Кај домаќините најефикасен беше Харис со 19 поени и десет скокови.

Кливленд стигна до победа против Торонто со резултат 116:104, Каваи Леонард постигна 24 поени и запиша 13 скокови.

Феникс славаше кај Далас со 121:100. Овој натпревар беше дебитантски во НБА лигата за Лука Дончиќ кој постигна десет поени, додаде четири асистенции и осум скокови.

Останати резултати:

Шарлот – Милвоки 112:113

Индијана – Мемфс 111:83

Сан Антонио – Минесота 112:108

Орландо – Мајами 104:101

Сакраменто – Јута 117:123

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шок за Мората: Поради необичен проблем може да ја заврши кариерата?!

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и шпански напаѓач, Алваро Мората веќе неколку дена не тренир…