Дома Кошарка НБА НБА ѕвездите со коронавирус заразиле мало дете давајќи автограм

НБА ѕвездите со коронавирус заразиле мало дете давајќи автограм

Јута Џез пред неколку дена потврди дека Руди Гобер е позитивен на коронавирус, а тој на крајот зарази уште еден негов соиграч.

Гоберт претходно се шегуваше со случувањата околу коронавирусот, а на крајот како карма му се врати тоа и кошаркарот се зарази. Со своето однесување ги загрози и останатите соиграчи, а само еден ден подоцна беше објавено дека и Донован Мичел е позитивен на тестот.

Францускиот кошаркар се извини поради глупавото однесување и порача дека едноставно не знаел за вирусот, но американските медиуми сега објавија дека тој заразил и едно детенце, кое побарало автограм од него.

Останатите кошаркари на Јута ги немаат симптомите на вирусот, но мерките за претпазливост се на сила во моментов и тие се во изолација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…