Дома Останати Кошарка НБА: Шампионот покажа моќ – 51 поен на Кари, Дончиќ одново одличен, Лејкерси и Леброн конечно победија (видео)

НБА: Шампионот покажа моќ – 51 поен на Кари, Дончиќ одново одличен, Лејкерси и Леброн конечно победија (видео)

cury

Измината вечер во НБА лигата беа одиграни 11 натпревари.

Еден од најинтересните натпревари во вечерта се одигра во Атланта каде што Далас Маверикс имаа дури 26 поени поени предност на почетокот на втората четвртина, но на крајот ја прокоцкаа големата предност и загубија со 111:104. Во тимот од Тексас повторно одличен беше Лука Дончиќ кој уфрли 21 поен, запиша девет скокови и подели две асистенции.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


https://youtu.be/3VQ8WcyTme8

Лос Анџелес Лејкерси конечно успеаа да ја запишат првата победа во сезоната, а настрада Феникс кој на домашен терен беше поразен со 113:131. Најефикасен во редовите на Лејкерси беше Стефенсон со 23 поени, осум скокови и исто толку асистенции, Леброн имаше дабл-дабл учинок од 19 поени 10 асистенции и седум скокови.

https://youtu.be/Kaq4WBDSiyE

Голден Стејт Вориорс го прегазија тимот на Вашингтон Визардс со 144:122, а одличен Стеф Кари беше Кари кој уфрли 51 поен, со 11 постигнати тројки од 16 обиди. Одличен беше и Кевин Дурант со 30 поени.

НБА резулати:

Атланта – Далас 111:104

Кливленд – Бруклин 86:102

Мајами – Њу Јорк Никси 110:87

Торонто – Минесота 112:105

Чикаго – Шарлот 112:110

Хјустон – Јута 89:100

Сан Антонио – Индијана 96:116

Милвоки – Филаделфија 123:108

Феникс – ЛА Лејкерс 113:131

Сакраменто – Мемфис 97:92

Голден Стејт – Вашингтон 144:122

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Без  изненадувања  во Аглија,  Манлестер Сити е шампион🎥

Манчестер Сити не дозволи изненадување  и во последото коло го победи Вест Хем со 3:1за од…