Дома Останати Кошарка НБА: Чудесен настап на Блејк Грифин, Јокиќ и Денвер и понатаму перфектни (ВИДЕО)

НБА: Чудесен настап на Блејк Грифин, Јокиќ и Денвер и понатаму перфектни (ВИДЕО)

denver

Само три натпревари беа одиграни изминатата ноќ во НБА лигата, а до победи стигнаа екипите на Детроит Пистонс, Њу Орлеанс и Денвер.

Најнеизвесно беше во Детроит каде што Пистонси успеаа после продолженија да слават против Филаделфија со резултат 133:132.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Херој во победата на Детроит беше Блејк Грифин кој одигра фантастичен натпревар и стигна до најдобриот учинок во неговата кариера.

https://www.youtube.com/watch?v=uNHJhmcVNek

Натпреварот го заврши со 50 поени (20 од 35 од игра), имаше 14 скокови и шест асистенции, а токму неговото положување и слободното фрлање во последните моменти донсоа победа за домаќините.

Во редовите на Филаделфија расположени за игра беа Џоел Ембид (33 поени, 11 скокови) и Редик со 30 поени.

https://youtu.be/ZoVJ_ubK0e4

Њу Орлеанс стигна до третата победа во новата сезона (3:0). Славеа на домашен терен против Ла Клиперси со 116:109, а повторно одличен беше Ентони Дејвис со 34 поени и 13 скокови.

Денвер очекувано лесно славеше против Сакраменто (126:112) и Наџентси имаат навистина фантастично отварање на сезоната и во овој момент имаат скор од 4:0.

И во овој натпревар на Денвер одличен беше Србинот, Никола Јокиќ кој стигна до дабл-дабл учинок од 14 поени, 12 скокови и шест асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Арсенал договори големо засилување

Арсенал е блиску до комплетирање на трансферот на одличниот напаѓач Бенџамин Шешко од Лајп…