Дома Останати Кошарка НБА НБА финале: Вориорсите изедначија, но ги загрижуваат повредите (ВИДЕО)

НБА финале: Вориорсите изедначија, но ги загрижуваат повредите (ВИДЕО)

Голден Стејт Вориорси го изедначија резултат на 1:1 во финалето во НБА откако го победија Торонто со 104:109.

Рапторси одиграа одлично прво полувреме, во еден момент водеа и со 12 разлика и изгледаше дека исходот ќе биде како во првиот натпревар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа во продолжение до израз дојде квалитетот на шампионот. Во третата четвртина направија серија од 18:0 и заминаа на 13 поени предност, па Рапторси немаа шанси за враќање.

Во последната минута успеаа да дојдат на два поени заостанување, но Адре Игудала со тројка на шест секунди пред крајот ги постави конечните 104:109.

Леонард за Торонто постигна 34 поени и запиша 14 скокови, Фред Ван Влет додаде 17, а Ловри 13 поени.

Во победничкиот тим Клеј Томпсон натпреварот го заврши со 25 поени, Стеф Кари два помалку, додека Драјмонд Грин со 17 поени, 10 скокови и девет додавања, му недостасуваше една асистенција за трипл-дабл.

Иако победија Вориорсите имаат причина за грижа затоа што им се повредија неколку кошаркар, а најмногу ги загрижува повредата на Томпсон.

Се уште не е и познато дали Дурант ќе биде спремен за третиот натпревар.

https://www.youtube.com/watch?v=GAFYWOxkiwk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Американците бараат суспензија за Јокиќ

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја забележаа втората победа во серијата против Лос Анџелес Ле…