Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни девет натпревари.
Лос Анџелес Клиперси паднаа во Оклахома која ја запиша втората победа во низа после лошиот старт. Вестбрук уфрли 32 поени и подели осум асистенции, Пол Џорџ постигна ист број на поени и додаде 12 скокови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Беверли и Вестбрук повторно имаа судир по кој знае кој пат во кариерата, се започна во март 2014 година кога Патрик Беверли беше во Хјустон и го повреди Вестбрук.
Beverly diving at Westbrook's knees here is sketchy, though i guess you could argue he stumbled. No real apology after the stumble tho. The hate is realpic.twitter.com/lgKHBsXKNP
— Jason McIntyre (@jasonrmcintyre) October 31, 2018
Во големи проблеми е Хјустон, Крис Пол се врати со 17 поен и девет асистенции, но Портланд лесно славеше во Тексас. Нуркиќ постигна 22 поени и имаше 10 скокови, Лилард уфрли 22 поени, Мек Колум 17.
Треба да се истакне и дека Хјустон беше без Џејмс Харден.
https://www.youtube.com/watch?v=XikN9IBgXHM
Тони Паркер го одигра најдобриот настпревар од доаѓањето во Северна Каролина, а неговиот Шарлот славеше над Мајами со 125:113. Французинот беше најефикасен на натпреварот со 23 поени и 11 скокови, на другата страна Вејд уфрли 20, но решение за Паркер не успеаа да пронајдат. Тој така ја помина границата од 19.000 поени и стана седмиот играч кој не е Американец на кого му успеало такво нешто.
Кливленд успеа да ја запише првата победа совладувајќи ја Атланта со 136:114
Tony Parker's season-high 24 PTS & 11 AST propels the @hornets to their 125-113 victory! #Hornets30 pic.twitter.com/zitMUwxUoI
— NBA (@NBA) October 31, 2018
НБА резултати
Мемфис – Вашингтон 107:95
Оклахома – ЛА Клиперси 128:110
Хјустон – Портланд 85:104
Торонто – Филаделфија 129:112
Бостон – Детроит 108:105
Шарлот – Мајами 125:113
Орландо – Сакраменто 99:107
Кливленд – Атланта 136:114