Дома Останати Кошарка НБА НБА драфт: Орландо како прв пик го избра Паоло Банкеро

НБА драфт: Орландо како прв пик го избра Паоло Банкеро

Eкипата на Орландо Меџик изненади на НБА драфтот и како прв пик го избра Паоло Банкеро, а не Џабари Сми какви што беа најавите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Банкеро во изминатата сезона настапуваше на Универзитетот Дјук и оствари просек од 17.2 поени, 7.8 скока и 3.2 асистенции по натпревар. Втор пик беше Чет Холмгрен од Гонзага кој го избра Оклахома, Џабари Смит како трет пик заврши во Хјустон.

На овој драфт НБА лигата доби и уште еден Србин. Никола Јовиќ како 27-ми пик беше избран од Мајами. Крилниот кошаркар кој е роден 2003 година е висок 211 сантиметри.

Joвиќ доаѓа од тимот на Мега која имаше и уште еден играч на овој драфт, Карло Матковиќ кој како 52. пик беше избран од Њу Орлеанс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…